Вардар ослабен против Нант – се повреди Карачиќ (ФOTO)

Пред првиот домашен тнатпревар во Лигата на шампионите, екипата на Вардар во сабота на дуелот со француски Нант ќе биде ослабена поради неиграњето на хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ.

Средниот бек на Вардар објави фотографија на социјалните мрежи каде се гледа дека левата нога се наоѓа во лонгета, и со движи со патерици. Се работи за повреда на скочниот зглоб, но се уште не се знае должината на паузата од ракометниот терен. Тоа значи дека Карачиќ нема да биде дел од шампионскиот ростер в сабота на дуелот со тимот на Кире Лазаров, што е на програмата од 17:30 часот.