Вардар ослабен на дуелот со Германците: Без Циндриќ и Мораеш против Рајн Некар

Екипата на Вардар го пречекува Рајн Некар од 17:30 во 8. коло од Лигата на шампионите, а во составот ќе недостигаат двајца клучни ракометари. Лука Циндриќ нема да може да игра поради повредата која го мачи веќе извесно време, а ќе го нема и пивотот Рожерио Мораеш.

За Циндриќ се знаеше дека тешко ќе добие дозвола за настап и тој не успеа да се подготви навреме за да може да игра. Раул се надеваше дека ќе го има, но Циндриќ не беше во тренажен процес во последно време така што мораше да се откаже од неговите услуги.

Денеска на теренот ќе бидат само двајца пивоти, Стоилов и Марсениќ, а местата на Циндриќ и Мораеш ќе бидат пополнети од крилата Владо Недановски и Мартин Поповски.