Вардар од третиот барабан ја стартува новата евро-сезона

Eвропската Ракометна Федерација (ЕХФ) го објави ранкингот на екипите пред ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите. Македонскиот шампион ќе стартува од третиот барабан, каде се наоѓа  и екипата на ПСЖ, што значи дека тие не можат да бидат ривали во групната фаза. Ова е втора сезона по ред како Вардар тргнува од третиот барабан.

Меѓу елитниот дел од екипите кои ќе настапуваат во А и Б групите, односно меѓу најдобрите 16 имаше место за:

Во првиот барабан се: Веспрем, Рајн Некар

Во вториот барабан се: Барселона, Кјелце

Во третиот барабан се: Вардар, ПСЖ

Во четвртиот барабан се: ППД Загреб, Бјерингбо Силкеборг

Во петиот барабан се: Мешков Брест, Висла Плоцк

Во шестиот барабан се: Пик Сегед, Фленсбург

Во седмиот барабан се: Целје Пивоварна Лашко, Кадетен Шафхаузен

Во осмиот барабан се: Кристијанштад, Кил

Според пропозициите при ждрепката ќе се извлекуваат наизменично по еден тим од секој барабан, при што ќе се формираат А и Б групите. Таму секоја екипа ќе игра по 14 кола, а првите шест продолжуваат во следната фаза. Првопласираниот во групата ќе биде слободен во осминафиналето, а екипите од второ до шесто место ќе играат во осминафиналето.