Вардар не го доби Словенецот: Жига Млакар се сели во Полска

Словенечкиот репрезентативец Жига Млакар потпиша за Висла  Плоцк и од идната сезона ќе настапува во полскиот вицепрвак. Тој во последните две сезони е лидер на Целје и покажа одлични перформански и во СЕХА Лигата и во Лигата на шампионите, каде не ретко има двоцифрен број голови.

Словенечките медиуми неодамна пласираа информации дека и Вардар има интерес за десниот бек, сепак тој се одлучи за малку поинаков предизвик. Тој треба да биде еден од главните адути на словенечката селекција, која е противник на Македонија на претстојното ЕП во Хрватска.

Млакар во моментов е повреден и не игра за Целје, но ќе биде подготвен за предизвиците во новата година. Тој потекнува од Целје, каде во моментов ја игра 11 сезона, со тоа што една сезона мина во редовите на Марибор каде отстапен играч.