Вардар Неготино го остави Текстилец на пет гола во полувреме

Нова лесна победа за Вардар Неготино во Првата машка лига со што се остваруваат плановите за место во најдобрите четири екипи во лигата.

Неготинци беа фаворити на овој дуел и тоа го оправдаа на теренот откако беа подобри во најголемиот дел од мечот. Неизвесно беше само неколку минути додека Текстилец успеваше уште да се одржува во ритамот и да биде блиску со головите до домашните.

Гостите од Штип имаа тешка задача во второто полувреме кога успеаја да постигнат само пет гола и тоа беше показател за добрата одбрана на домашните. Сепак, вториот дел од средбата не беше на нивото од првото бидејќи и Вардар Неготино не беше на нивото од првите 30 минути, па имаше само 15 гола.

Сепак, кој ќе победи беше јасно уште на крајот од првото полувреме.

ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕКСТИЛЕЦ         28:16 (18:11)

Сала: Св. „Кирил и Методиј“ во Неготино. Гледачи: 500. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Јанев, Темелков, Ташев 2, Трајков 1, Велков, Окардов, Коцев 8, Арсов, Вељанов 3, Недевски 2, В. Станков, Кузманов 2, Трајковски 3, Паланков 5, Митевски 2, А. Станков.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 8 мин.

ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Стојановски, Петров, Ристов 1, Митрев, Сичков 3, Иванов 1, Кипријановски, Крстов 4, Трајковиќ, Попов 7.

Седмерци: 6/9, Исклучувања: 2 мин.