Вардар Неготино го наполни голот на Преспа

Екипата на Вардар Неготино беше поуспешна од Преспа во рамките на плеј-офот од Првата лига. Домашниот тим лесно го совлада противникот откако цело време доминираше и стигна до победата. Натпреварот заврши 31:24.

Според табелата ова се два изедначени тима, но перформансот на теренот покажа нешто сосема спротивно. Гледачите имаа можност да видат рано одлепување од страна на домаќинот на кое Преспа успеа да возврати, но недоволно бидејќи подобриот од оваа средба се опорави и го доби првиот дел со 14:10.

Во вториот дел се продолжи она што беше најавено во завршницата од првиот. Неготинци ги реализираа своите шанси и ги користеа пропустите на гостите, а тоа истото ги донесе до огромен триумф. Единствен расположен за игра кај Преспа беше Филип Шиклевски кој погоди 11 пати.

Домашните беа понесени од Ѓорѓи Ташев и Димитар Коцев кој стрелаа по седум пати. Вардар Неготино се издигна на три поени повеќе од Преспа, а двата тима и следната сезона ќе останат да се натпреваруваат во Првата лига.