Вардар на “ручек” со Грци

Во малата сала од СЦ „Јане Сандански” утре во 12:00 часот екипата на Еурофарм Работник ќе одигра контролна средба со Вардар. Тоа ќе биде нова шанса за „црвено-црните” за воигрување пред заминувањето за Саудиска Арабија. Влезот на овoј натпревар е слободен.

Пријателски натпревар ќе се одигра и со АЕК, но истиот ќе биде од затворен тип. Грчкиот тим го освои турнирот во Струга што се играше претходнава недела. Еурофарм Работник го освои второто место на турнирот во Струга во саботата, а заминуваат веднаш на нов турнир во Добој.

Битолскиот тим заедно со Вардар ќе играат во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.