Вардар на првата позиција по неизвесниот дуел со Нексе

Македонскиот првак во својот трет дуел од регионалната СЕХА лига ја забележа третата победа. Вардар во СЦ „Јане Сандански“, во неизвесен натпревар ја совлада екипата на Нексе со резултат 31-28 (13-10).
Нуиќ го отвори резултатот, но веднаш следуваше серија од 3-0 за домаќините, кои го задржаа водството до 14-та минута. Хрватскиот вицепрвак со четири погодоци во низа, преку пенал погодокот на Зрниќ гоизрамни резултатот на 6-6 во следниот контра напад Нуиќ беше поуспешен од Штербик за нова минимална предност од 6-7, а во 20-та минута Халилковиќ ја донесе највисоката разлика за Хрватите на овој натпревар од 6-8.
SEHA 15-16 Vardar-Nexe-8427
Раул Гонзалес направи неколку измени во играчкиот кадар, а од клупата на Вардар влегоа Марсениќ, Циндриќ и Дибиров. Потребни беа нови пет минути за Вардар да ја врати контролата над резултатот. Дибиров во 24-та минута го изедначи натпреварот на 10 голови, а серијата на Шишкарев и Марсениќ ја прекина звукот на сирената за конечни 13-10 по првите триесет минути.
SEHA 15-16 Vardar-Nexe-8376
На стартот на вториот дел, Карачиќ и Шишкарев им овозможија на „црвено-црните“ пет погодоци предност. Вардарци ја зголемуваа разликата како одминуваше времето, а по 42 минути имаа највисоки седум погодоци разлика 22-15. Но, Хрватите бргу ги консолидираа своите редови и се вратија во натпреварот со серија од 5-0 која Зрниќ ја заврши успешно, по 50 одиграни минути имаа само два гола негатива 24-22. Вардарци не дозволија сензација во Скопје, Карачиќ и Душебаев ја вратија предноста од четири погодоци, разлика која која ја задржаа до самиот крај. Точка на натпреварот стави Сршен со својот четврти гол за конечни 31-28.

SEHA 15-16 Vardar-Nexe-8364

За домаќините Лацковиќ, Дибиров, Душебаев, Карчиќ, Горбок и Шишкарев постигнаа по четири погодоци, додека Марсениќ постигна три. Одличен натпревар имаше и Штербик кој мечот го заврши со 17 одбрани. Во редовите на Нексе напрецизни беа Нујиќ и Халилковиќ со по пет постигнати голови.
Следниот натпревар на Вардар во СЕХА лигата требаше да се одигра во Вараждин на 12 септември, но поради вирусот кој го зафати таборот на ППД Загреб, натпреварот ќе биде одложен.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ