Вардар на гости кај Стеауа за крај на годината

Ракометарите на Вардар по победите над Металург, Железничар и Татран Прешов во регионалната СЕХА лига им останува уште средбата против Стеауа Букурешт.

Романскиот тим има три порази по ред и се оддалечи од пласман на завршниот турнир во регионалната конкуренција, но тоа не значи дека Вардар лесно ќе победи.

Стеауа имаше напорен распоред во декември и одигра дури осум средби во 17 денови бидејќи настапува и во романскиот шампионат, па листата на повредените играчи се зголеми.

Слично е и кај Вардар. По Горбок, Мораеш и Борозан, македонскиот првак остана и без Криштопанс, а во Букурешт нема да играат ниту руските крила Дибиров и Шишкарев, како ни голманот Гедбан.

Шанса ќе добијат младите играчи како Стефан Атанасовски, Марко Мишевски и Дејан Кукуловски, а средбата што е последна за Вардар оваа година се игра денеска со почеток во 17:15 часот.