Вардар му е во срцето, Веспрем му е во мислите

Ракометарите на Вардар ги очекува настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите и полуфиналиот натпревар против Барселона.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Келце и Веспрем, а во хотелот „Радисон Блу“ сите ракометари се заедно на едно место.

Репрезентативни колеги, поранешни клупски соиграчи…Лука Циндриќ три години беше во Вардар, а тоа беше доволно за да македонскиот првак да му остане во срцето.

Дел од своето време го помина со поранешните соиграчи, потсетувајќи се на 2017 година на истото место во истиот период, но со различни бои на дресот…