Вардар – Мешков е дерби на 3. коло во СЕХА лигата

СЕХА лигата реши натпреварот од третото коло меѓу Вардар и Мешков да биде дерби на колото. Истиот е закажан за 9 септември во 17,45 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“.

Претходно вардарци ќе играат два натпревари во Скопје. На 2 септември во „Борис Трајковски“ гостуваме кај Металург, а три дена подоцна Вардар го пречекува Горење пред домашна публика.

Во првото коло на СЕХА Газпром лигата дербито е меѓу Горење и Целја (30 август), во второто дербито се игра во Словачка меѓу Татран и ППД Загреб (6 септември), а во четвртото коло дербито е меѓу ППД Загреб и Целје (19 септмеври).