Вардар, Комити и “Вујо” се опростуваат од СРЦ”Кале”

Денес од 20:15 часот во СРЦ Кале се игра дерби натпреварот од петтото коло на СЕХА Гаспром Јужен тек лигата, помеѓу екипите на РК Вардар и РК ППД Загреб. На овој начин би го започнал текстот доколку ова беше еден обичен дерби натпревар помеѓу Вардар и Загреб каков што гледаме секоја година во Сеха Лигата.Но денешниот натпревар не е таков. Денешниот натпревар носи многу повеќе од ракомет. Емоциите кон “неосвоивата тврдина” како што многумина го нарекуваа СРЦ”Кале” вечерва ќе бидат во преден план кај секој искрен вљубеник и подржувач на “црвено-црното”семејство. Денес РК Вардар ќе го одигра последниот официјален натпревар во “златното” Кале, местото кое беше неосвоива тврдина за многу големи ракометни гиганти, Олимписки ракометни шампиони. СЦР Кале беше далеку од мулти модерен спортски комплекс, имаше многу мани, но беше салата во која, како што честопати знаеја да изјават најголемите спортски ракометни ѕвезди ,се создаваше најдобрата ракометна атмосфера во светот. Денес од 20:15 часот за последен пат ќе бидеме сведоци на атмосферата која е својствена само за СРЦ Кале.

Komiti i Vujo

 
Судбината сакаше спектаклот вечерва да биде надополнет со човекот кој е исто така неразделно врзан за оваа сала. Човекој кој пет години од својата тренерска кариера ги помина во Вардар, иконата на “Комити” и на секој фан на Вардар, Веселин Вујовиќ. Популарниот “Вујо” овојпат се враќа во своето “Кале” како тренер на Загреб. Но на кого вечерва тоа ќе му биде важно? Од трибините ќе грми “Вујо мајсторе” ќе се слави секој постигнат успех во Кале, ќе се евоцираат спомени, а на Штербик, Дибиров и другарите останува сето тоа да го заокружат со една голема победа над Загреб и да направат голем чекор кон пласманот на “фајнл-фор” во Сеха лигата.

Вечерва РК Вардар се опростува од своето “Кале” и заминува во мултимодерниот спортски комплекс “Јане Сандански” во Аеродром, а за атмосферата која се создаваше во оваа сала допрва ќе се раскажува.

Vujo Vardar