Вардар има мајстор за седмерци на гол: Кугис брани пенали како од шега (ВИДЕО)

Новиот голман на Вардар, Артур Кугис важи за еден од најдобрите голмани за одбрана на удари од седум метри. Тоа го потврди и на средбата против Мотор Запорожје, а успеа да одбрани два од ударите во првото полувреме.

И додека при првиот удар имаше двојна интервенција откако после пеналот фати и зицер, вториот пенал го запре после истекот на времето предвидено за првите 30 минути од средбата. Погледнете!