Вардар имаше пет позитива против Пик Сегед, но ќе одмори само со плус два

Вардар одиграа добро прво полувраме против Пик Сегед, но на одмор не  успеаја да ја имаат највисоката предност која ја создадоа во 21. минута од пет гола. Имаат само плус два од 14:12 со оглед на тоа што противникот успеа да го издржи големиот притисок.

Почетокот сосема очекувано мина во израмнета игра. Немаше можност за предност, а во таквата игра Пик Сегед беше тимот кој водеше. Вардар мораше да се одржува и успеа постојано да биде во нерешен резултат после голот негатива. Така беше до 3:3, а потоа дојде промената на ритамот при што Вардар конечно го зададе ударот за водство.

Откако поведе голот позитива се чуваше без проблеми, а потоа од 4:4 одбраната почна да функционира. Неколку напади со нешто повеќе идеја и одлична организација дадоа простор за лесни погодоци, а Скубе и Карачиќ беа во главна улога и на средина од првото полувреме донесоа 8:4.

Овие четири гола предност лесно се одржуваа бидејќи нападот на Пик Сегед не одеше како што Паштор замислуваше пред почетокот на натпреварот. На тоа се надоврза Милосављев со одбрани и во 21. минута предноста дојде и до пет гола, 11:6.

Сето она што беше направено дотогаш, сепак, не беше зачувано до крајот на првото полувреме бидејќи во 27. минута гостите успеаја да се вратат. Го издржа притисокот од трибините и на теренот така што стигна до два гола негатива. На три минути пред паузата резултатот беше 12:10. Иако гостите намалија на 12:11, сепак, со два напади набрзина вардарци стигнаа и на плус три, но на одмор, сепак, беше 14:12.

После првите 30 минути најефикасен во Вардар е Кристопанс со пет гола, а четири има Карачиќ. По два гола постигнаа Скубе и Дибиров, додека еднаш меѓу стрелците се запиша Мораеш. Дејан Милосављев првото полувреме го заврши со пет одбрани. Во редовите на Пик Сегед, Банхиди со три гола е најефикасниот.