Вардар игра добро, но има минус еден после првиот дел во Монпелје

После интересни 30 минути, на паузата на натпреварот меѓу Монпелје и Вардар резултатот е 17:16 во корист на домашниот состав. Нијанси беа во прашање во играта на двата состави, а на крајот од првиот дел предноста е минимална во корист на Французите.

Од стартот на средбата тимот на Монпелје наметна свое темпо и постојано беше во минимална предност. Вардар дојде прв во водство со голот на Дибиров, но домашните потоа беа со иницијатива на теренот. Издржаа и до средината на првото полувреме имаа водство.

Сепак, тука почна подобрата игра на вардарци и набрзина се дојде до предност од два гола. Вардар водеше со 11:9 и 12:10, но тука дојде до пад во играта. Серија до 4:0 за Монпелје донесе комплетен пресврт и предност за домаќинот од 14:12.

И покрај тоа потребно беше само малку да се зголеми нивото на играта и да се израмни. Еден одбранет напад отвори простор за враќање во игра, а Скубе израмни на 16:16 на неполни две минути до крајот. Вардар имаше две шанси за да дојде до реми, но при првата Шего го запре ударот на Дибиров, додека при втората имаше прекршок над Шишкарев. Судиите сметаа дека тоа се само девет метри и тоа во моментите кога времето веќе истече.

Најефикасен во Вардар со четири гола е Тимур Дибиров, додека три гола има Сташ Скубе. Во Монпелје, Валентин Порт има шест погодоци.