Вардар запиша лесни бодови кај Бутел

Шампионот Вардар, кој во ростерот ги немаше Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Игор Карачиќ и Дејан Милосављев прослави очекувана победа со 31-43 кај новиот суперлигаш Бутел Скопје во заостанатиот натпревар од плеј-офот во Суперлигата.

Вардарци си го фарија редот уште од стартот. По голот на Војводиќ, Бутел израмни на 1-1, и во продолжение се беше во знакот на гостинскиот тим. До полувремето „црвено-црните“ обезбедија висока предност 12-24.

Иако имаа мотив и желба, сепак домашните ракометари не успеаја да ја намалат разликата. Парондо во игра ги внесе играчите со помала минутаѓа, но ништо важно не се промени на теренот. До крајот Вардар лесно го затвори натпреварот со конечни 31-43.

Најдобри стрелци кај победникот беа Владо Недановски со десет голови и Јања Војводиќ, кој посригна осум. Во домашниот тим се истакнаа крилото Мирко Мајиќ со 11 погодоци и бекот Алексеј Григорјев со седум. Утре Вардар гостува кај Пелистер во Битола.