Вардар е инспирација и за Велигден! (ФОТО)

Ниту по три изминати дена не стивнуваат реакциите по убедливата победа на Вардар над ПИК Сегед во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите.

Православните христијани денеска го празнуваат големиот празник Велигден, а „црвено-црниот“ тим, кој на најубав можен начин им го честита празникот на сите со голема победа, беше инспирација и за велигденски јајца.

Kолешката од дневниот весник „Нова Македонија“, Марија Таушанска Анастасовска, за нејзиниот син кој е голем навивач на Вардар, бојадиса јајца во црвена боја, кои одлично одат во комбинација со „црвено-црниот“ симбол.