Вардар доминатно до финалето на Кањижа Купот

Екипата на Горење беше вториот спаринг партнер во рамките на купот – Кањижа. Вардар доминатно како и против Партизан, со резултат 24-30 го завери своето учество во завршницата на турнирот.Почетокот на мечот го одлучи победникот на овој натпревар, Вардар по 8 минути имаше предност од 1-5, водство кое до крајот на првиот  дел изнесуваше 8 погодoци 8-16. Во 18тата минута Хорхе Македа го постигна својот прв гол за Вардар од вкупно 2 на овој натпревар.

Второто полувреме започна со серија од 4-0 на словенечкиот вицепрвак за преполовување на виското водство на “црвeно-црните”. Тоа беше се што сторија ракометарките на Горење на овој меч. Вардарци ја одржуваа предноста од 5 погодоци во поголемиот дел од второто полувреме, а во 57та минута по серија грешки на противникот, Шишкарев и Масрениќ обезбедија ново водство од 7 погодоци, 21-28. По одиграните 60 минути Вардар ја обезбеди втората победа во Кажиња со резултат 24-30.

Алем Тосиќ беше најпрецизен во составот на македонскиот првак со 6 погодци, Шишкраев постина 5, а Филип Лазаров 4 погодоци. Блаженко Лацковиќ со 2 погодока повторно се врати во составот на Вардар, додека Стас Скубе и Нико Медвед постингаа по 4 голови за Горење Велење.