Вардар денеска промовира нов дрес

Ракометарите на Вардар се уште не ги завршиле обврските во Суперлигата, но веќе ја обезбедија титулата и дуелите против Пелистер и Металург нема да имаат значење, па ќе можат да се концентрираат на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.

Таму вардарци ќе настапат со нов дрес, кој ќе биде промовиран денеска во Фан шопот кој се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 14:00 часот.

Навивачите покрај тоа што ќе можат да го купат новиот дрес, ќе можат и да се фотографираат со дел од ракометарите и стратегот Роберто Парондо.