Вардар го расипа роденденот на Брест (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со одлично поставена игра и распоредени сили во текот на сите 60 минути во кои мораа да се борат со повеќе од седум играчи на противникот, вардарци успеаја да се изборат за нов пласман во финале на Ф4 турнирот во СЕХА.

Шампионот од последните две години и рекордер по бројот на титулите ќе има можност за нова со оглед на тоа што е фаворит за победа против ППД Загреб. На средбата со Мешков Брест имаше интересен ракомет, а во поголемиот дел од средбата Вардар беше во предност. Добрата игра беше крунисана со победа, која е и повеќе од заслужена.

Домаќините сигурно нема да го паметат овој Ф4 по добро. Направија сè што можат за да дојдат до Ф4 турнирот. Направија сè што можат потоа да дојдат до организација на завршницата, а потоа во 60 минути им се распадна сета желба и идеја која ја имаа. Брест слави 1000 години, но Вардар ја расипа прославата, па Мешков Брест ќе мора во битката за 3. место.