Вардар го превзема лидерското место: Металург поразен во „Јане Сандански“

Мали беа шансите за изненадување на денешната дерби средба во спортскиот центар „Јане Сандански“, но како и во секој спорт, актуелниот македонски ракометен шампион имаше право да се надева на нешто повеќе оваа сезона. Вардар пред околу 2000 љубители на ракометот во првиот натпревар против Металург оваа година, извојува победа со резултат 26-18.
РК Вардар 26-18 РК Металург (14-9)
Првото полувреме Вардар го доби со пет разлика, но далеку понеизвесно беше на паркетот. Во изедначена игра, „црвено-црните“ дури по десет минути борба го превзедоа водството од противникот. Металург предводен од одличниот голман Митревски им парираше на домаќините дваесет минути, а последните десет им припаднаа на ракометарите на Вардар, кои од 22-та минута со серија од 4-1 ги поставија конечните 14-9 по првото полувреме.
FLP_5837-2
На минута до крајот на првите триесет минути, Марко Неловски заработи повреда на коленото и го пропушти продолжението на мечот.
FLP_6005-2
Вториот дел го одбележаа одличните голмански интервенции на Петар Ангелов. По првите седум минути игра Вардар ја имаше највисоката предност на натпреварот од осум погодоци, 18-10. Металург најблиску до предноста на Вардар беше на шест разлика, кои последен пат ги имаа во во 58-та минута. Прибак со својот трет гол стави точка на овој натпревар за конечни 26-18.
FLP_5853-2
Најпрецизни во екипата на Вардар беа Душебаев и Лазаров со по четири погодоци, додека во екипата на Металург Војводиќ истотака постигна четири погодоци.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ