Вардар го одработи последниот тренинг пред Полска (ФОТО)

Ракометарите на Вардар утре заминуваат за Полска каде ги очекува последниот натпревар од четвртфиналната фаза против Киелце.
Вечерва „црвено-црните“ го одработија последниот тренинг и подготвени заминуваат за Полска. Впечатокот пред заминување е дека грешките се анализирани, доколку се сведат на минимум ќе бидат пресудни за конечниот победник на овој двомеч. Вардарци гостуваат на жешкиот терен во Киелце со негатива од 2 гола, а надеж им влева последниот одигран натпревар на Киелце против Монпелје во рамките на 1/8 финалето на Лигата на шампионите .
Каква тактика ќе скрои шпанскиот стратег на клупата на „црвено-црните“ ќе покажат последните 60 минути кои ќе се одиграат во недела од 15:30.

[Best_Wordpress_Gallery id=”81″ gal_title=”Vardar trening (PRED KIELCE) obnovena”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ