Вардар го доби дербито во Битола и скокна на 3. место

Ракометарките на Вардар го добија дербито во последното коло од Женската лига и со победа од 37:32 освоија три бода кои ги искачија на 3. позиција на табелата. Иако беа последни пред одигрувањето на последното коло, „вардарки“ одиграа добар натпревар во Битола, па на крајот завршија со два бода предност пред Пелистер и Стружанка.

Вардарки уште на почеток наметнаа свое темпо. После водечкиот гол за тимот на Пелистер следуваше мала серија за гостинките кои успеаја во неколку минути да дојдат до позитива од 4-5 гола која ја одржуваа до крајот на првото полувреме.

Откако на одмор Вардар имаше 17:12 во продолжението од средбата следуваше далеку поефикасна игра. Практично стрелците и на двете страни се покажаа во одлично издание, но Пелистер во ниту еден момент не успеа да намали и да се закани по голот на вардарки дека може да дојде до подобар резултат. Разликата постојано беше над пет погодоци, па во финишот можеше и мирно да се одигра.

Вардар без проблеми дојде до победа од 37:32 и на тој начин се израдува на три бода кои го донесоа на 3. место на табелата.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР    32:37 (12:17)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 400. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР: Наумовска, М. Јанкуловска, Босиловска, Блажевска 7, Милосављевиќ 5, Талевска 3, Богоевска, Чокели 8, Ристова, Белевска 4, А. Јанкуловска 5, Кајческа, Каранфиловска, Раиф.

Седмерци: – , Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Ѓеоргиевска 5, Божиновска, Џатевска, Трпевска 4, Гроздановска, Костовиќ 1, Диневска, Миновска 4, Седлоска 1, Коларовска 2, Петковска 5, Стаменкова, Дамјановска 3, Николиќ 12.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.