Вардар гостуваше во „Јане Сандански“: РК Прилеп полесен тренинг пред Динамо Синара

Во последниот натпревар од 11-то коло во женската Супер лига, ЖРК Вардар во улога на гостин ја пречека екипата на РК Прилеп во спортскиот центар „Јане Сандански“. Очекувано ракометарките на Индира Кастратовиќ го заврши натпреварот со убедлива победа од 20-46.

000_9890
ФОТО: Филип Вирановски

ЖРК Прилеп пристигна во Скопје без својот тренер и стручен штаб, тоа беше предвесник за насоката која ќе ја има овој натпревар. Вардарки броеа до 8 кога ракометарките на Прилеп го постигнаа првиот погодок. Разликата постојано се зголемуваше, а првата двоцифрена предност ја донесе Кликовац во 10-та минута. По триесет минути игра, семафорот покажуваше 6-22.

000_0027
ФОТО: Филип Вирановски

Второто полувреме, кое македонскиот шампион го одигра потпирајќи се целосно на младите ракометарки од вториот тим на Вардар не промени многу во играта на терен, ниту во резутатот на семафорот. Младите Вардарки поддржани од Кликовац во одбраната, го завршија натпреварот со 46 постигнати погодоци.

000_9936
ФОТО: Филип Вирановски

Најпрецизна во редовите на Вардар беше Андреа Кликовац со 10 погодоци, додека за РК Прилеп, Мери Гичева истотака постигна 10. Вардар настапи со младите ракометари кои ретко добиваат шанса, а беа потпомогнати од поискусните Хмирова, Ихнева, Кликовац, Дембеле и Черноиваненко.

Во сабота ЖРК Вардар ја пречекува екипата на Динамо Синара во рамките од последното коло на главната фаза од Лигата на шампионките.