Вардар в сабота против Штербик, Манасков… и 5000 фанови во Веспрем арената

Ракометарите на Вардар продолжуваат со подготовките за новата средба од Лигата на шампионите на која в сабота од 17:30 часот му гостуваат на тимот на Веспрем. Добро познатиот ривал за кој сезонава покрај Дејан Манасков настапува уште еден поранешен вардарец, Арпад Штербик ќе има голема поддршка од трибините и „црвено-црните“ се наоѓаат пред нов голем предизвик.

Според информациите кои ги објавува клубот салата е распродадена за дуелот в сабота. Останати се 4-5 билети во онлајн продажба, па се очекува трибините да бидат исполнети и Веспрем да има голема поддршка.

Оттаму Вардар в сабота нема да има само пречка во Арпад Штербик, Дејан Манасков и колегите туку и во публиката која се очекува да биде во голема бројка на трибините. Капацитетот на Веспрем арена е 5096 места што значи дека Вардар ќе треба да се бори и со 5000 фанови кои ќе го бодрат својот клуб.

Оваа средба која в сабота почнува од 17:30 часот ќе ја водат Германците Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг, додека делегат е Дагфин Вилангер од Норвешка.