Вардар второпласиран на “Кањижа куп”

Екипата на Вардар го освои второто место на “Кањижа куп”, откако во финалето беше поразена од Пик Сегед со 31-30.
Унгарскиот тим кој практично беше домаќин на овој натпревар бидејки турнирот се игра на унгарско-српската граница, уште од самиот почеток ја имаше контролата на натпреварот. Пик Сегед имаше постојано водство во првото полувреме од (9-4) во 11 минута, (14-10) во 21 минута, кое го завршија со три голови позитива (17-14) на полувреме.
Во вториот дел “црвено-црните” ги консолидираа своите редови и покажаа многу подобра игра успевајки на 13 минути пред крајот на натпреварот да израмнат на 25-25. Во последните 10 минути натпреварот влезе во неизвесна завршница во која подобро се снајде екипата на Пик Сегед за конечна победа од 31-30.

Најпрецизен во екипата на Вардар бил Игор Карачиќ со осум постигнати голови, Дибиров постигнал седум а Чипурин шест пати ја погодил противничката мрежа. Во екипата на Пик Сегед, Илјеш и Балог биле стрелци на по седум погодоци.

IV. Ракометен турнир Kaњижа куп, финале, Бања Kањижа

Судии: Mошорински, Панџиќ (Србија).

МОЛ ПИК СЕГЕД: Сиера – Парондо 3, Балок 7/1, Бомбач, Зубаи 2, Иљеш 7, Kалман 6 Клупа: Блажевиќ 1, Вадкерти, Aнчин 2, Продановиќ 3/3   Tренер: Хуан Карлос Пастор.
ВАРДАР: Штербик – Дујшебаев 2, Брумен 3, Тоскиќ, Абутовиќ, Карачиќ 5, Марковиќ Клупа: Милиќ (голман), Лазаров 2, Прибак 3, Горбок 6, Дибиров 6, Стоилов 1   Tренер: Раул Гонзалес.