Вардар води на полувреме против Висла Плоцк со четири разлика

РК Вардар против Висла Плоцк води на полувреме со резултат 14:10. Уште од самиот почеток избраниците на Раул Гонзалез го докажаа својот квалитет, водството од четири разлика се градеше во текот на целото прво полувреме. Вардар во последните две минути од првиот дел при водство од 13 – 8 имаше шанса да зголеми и на + 6, но полуконтрата заврши непрецизно. Четирите голови предност најмногу се по заслуга на одличниот Арпат Штербик на голот како и Сергеј Горбок кој беше одличен во нападот.