ЖРК Вардар влегува во ритам: Подравка декласирана со 10 голови разлика

Во четвртото коло од Лигата на шампионите македонскиот шампион ЖРК Вардар славеше победа над Подравка со резултат од 35-25 (15:10) и ја забележа третата победа во ЛШ.

Натпреварот го отвори Лекиќ и Суслина повторно на високо ниво го стартуваше мечот забележувајќи 6 успешни интервенции во почетните 15 минути додека на теренот силите беа изедначени и резултатот гласеше 6:6. Во 20 мин Вардарки првпат се одлепија на 3 разлика по што гостинскиот тренер го повика првиот тајм аут на натпреварот. Серијата на вардарки ја прекина Живковиќ по што следуваше погодок на Немашкало но нашот шампион ја врати контролата на натпреварот со серијата која ја предводеа Ихнева и Радичевиќ со по два погодоци за пет голови предност во првите 30 мин-15:10.

Второто полувреме стартуваше со пех за нашите шампионки затоа што повреда заработи ветеранката во тимот – Јулија Николиќ. Сепак Вардарки во силно темпо го започнаа вториот дел и во 36 мин со голот на Лекиќ ја зголемија предноста на пристојни +5 а со голот на Алтхаус дојде и до значителна предност од 9 погодоци во последните 15тина минути на натпреварот. Во моментите кога беше познат победникот шанса добија младите Стојановска, Митова и голманката Петковска кои на најдобар начин ја искористија укажаната доверба. Стојановска успеа да погоди и два седмерци од кои вториот беше посебно атрактивен со лоб удар. До крајот вардарки рутински го одработија натпреварот за убедливи 35-25 и трета победа во ЛШ.

Најдобри стрелци кај нашиот шампион беа Радичевиќ со 5, а дури четири ракометарки(Лекиќ,Пенезиќ, Дембеле и Зебиќ) постигнаа по 4 погодоци, додека кај гостите Човиќ постигна 5 а Татари 4 гола. Следниот натпревар вардарки го играат наредната недела против Будуќност.