Вардар броеше до 51 за место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Македонскиот шампион Вардар ја потврди својата доминација и со победа против Металург 2 во финалето на четвртфиналната група 3 обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Купот на Македонија.

Вардарци уште на самиот почеток ја покажаа својата моќ, и по шест минути имаа шест голови предност (8-2). Натпреварот кој беше огромен мотив за младите металурзи продолжи во слично темпо, составот на Металург 2 ја намали високата разлика, но немаше сили да ја спушти под четири голови. Одличен во првите 17 минути беше Димитриоски кој постигна шест голови од десетте на Металург 2.

vardar vs metalurg 2-0469

Играта гол за гол продолжи до крајот на полувремето во кое младите металурзи дојдоа до 21-18 на четири минути пред паузата. Сепак Шишкарев, Стоилов и Лазаров до крајот на полувремето само ја потврдија доминацијата на Вардар и ги поставија конечните 26-18.

Во рутинирана завршница на вториот дел Вардар бргу дојде до двоцифрена предност, која до 57-та минута се претвори во дваесет голови разлика (49-29). Истата предност се задржа до крајот на натпреварот за конечни 51-31.

Најпрецизен кај Вардар беа Стоилов со седум и Шишкарев со шест сите од првиот дел, додека Марсениќ, Брумен и Манасков постигнаа по шест голови но во вториот дел. Димитриоски постигна 11 погодоци во составот на Металург 2, додека Бошковски имаше 6 прецизни удари за Металург 2.

Со Вардар се комплетира големата четворка која ќе игра на завршницата од Купот на Македонија. Вчера свој пласман обезбедија Охрид и Вардар Јуниор, додека во саботата Металург беше убедлив во својата група.