Вардар без Јулија Николиќ

По шпекулациите кои се појавија во црногорските медиуми за наводната повреда на Катарина Булатовиќ, дерби дуелот во женската Лига на шампионите ќе помине и без одличниот македонски централен бек. ЖРК Вардар против Будуќност ќе настапи без Јулија Николиќ која се повреди на натпреварот против Подравка. Со ракометарката на Вардар нема големи проблеми, но тренерот Индира Кастратовиќ не сака да ризикува и реши да ја одмори на овој натпревар.