Вардар без леви крила: Саздовска го пропушта ФТЦ?

На квалификацискиот дуел за Европското првенство во Франција помеѓу Македонија и Србија, избраничките на Симе Симовски загубија од Србија со 27:33. Во првиот дел од овој натпревар, ракометарката на Вардар, Јована Саздовска при доскок заработи незгодна повреда на зглобот на ногата.

Според таборот на репрезентацијата, се работи за, во најдобар случај, мала дисторзија на скочниот зглоб, но деталните прегледи и магнентната резонаца ќе ја дадат конечната дијагноза околу тежината на повредата. Првичните прогнози се дека паузата ќе биде најмалку десетина дена.

Вардар го очекува првиот натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот ФТЦ за пет дена, а со оглед на тоа што и второто лево крило Полина Кузнецова се уште не е подготвена за камбек на терените по повредата, Вардар останува без двете главни опции на таа позиција.