Вардар без Лацковиќ и Терзиќ на следните две гостувања во СЕХА

Екипата на Вардар на следните две врзани гостувања во СЕХА лигата, против Борац и Веспрем ќе биде ослабена со неаиграњето на Блаженко Лацковиќ и Стефан Терзиќ.

Лацковиќ кој не настапи и на дербито против Металург сеуште не е опоравен од повредата, а дополнителен проблем претставува најновата повреда која Терзиќ ја заработил на утринскиот тренинг. Терзиќ се повредил при еден удар на носот по што била констатирана скршеница па тој мора да остане во Скопје.

Натпреварот против Борац се игра во среда од 20:00 часот.