Вардар без Абутовиќ против Веспрем

Дисциплинската комисија на ЕХФ го казни Илија Абутовиќ со еден натпревар неиграње поради директниот црвен картон заработен на дуелот со Монпелје. Абутовиќ стартуваше врз противничкиот играч на три секунди пред крајот и го спречи да шутира кон противничкиот гол, по што беше санкциониран со директен црвен картон, а според правилата на ЕХФ тоа значи и суспензија од еден натпревар.
Ова ќе биде голем хендикеп за “црвено-црните” за престојниот натпревар против Веспрем, ако се знае дека Илија Абутовиќ е еден од главните столбови на вардаровата одбрана.

Натпреварот против Веспрем се игра на 15 ноември во спортскиот центар “Јане Сандански”.