Вардарци ќе учат од „глупавите“ грешки на Мешков Брест

На средбата од 1. коло одиграна минатиот викенд екипата на Порто дојде до победа против тимот на Мешков Брест, а ова се случи после голем пресврт. Ракометарите од Белорусија не успеаја да се снајдат на теренот, иако беа во голема предност, а ова е големо предупредување за вардарци.

„Го гледавме натпреварот и видовме дека Порто прави брзи измени и дека одлично се снаоѓа со 7 на 6. Сепак, при таква игра мора да има и поинаква таквика. Мешков Брест не успеа да се снајде најдобро притоа, па затоа од овие грешки мораме да научиме. Тоа беа глупави грешки и затоа ние мораме да научиме добро од нив и никако не смееме да ги повториме ако сакаме добар резултат в недела“, рече Дибиров.

Порто го совлада тимот на Мешков Брест со 27:25, а резултатот на полувреме беше 9:15. Ова е резултат кој е предупредување и од кој дефинитивно треба многу да се научи.