Вардарци ја совладаа и Висла Плоцк

Во вториот настап на меѓународниот турнир во Брест, Белорусија, Вардар одигра уште еден добар натпревар кој го доби минимално со 34-33. Полскиот вицепрвак Висла Плоцк беше противник по мерка на „црвено-црните“, но на самиот почеток Вардар создаде огромни 9-1 која му дозволи на тренерот Гонзалес да испробува повеќе варијанти во нападот и одбраната.

Полскиот состав се обиде да врати во игра, но Вардарци ја одржуваа разликата на +5 во текот на првиот дел. Сепак финишот на мечот им припадна на полските ракометари кои на пауза заминаа со разлика од само два погодока или 16-14 по првите триесет минути.

Во второто полувреме гледавме друга слика, Вардар ги одржуваше минималните два гола разлика до 35-та минута, кога Плоцк го израмни резултатот (21-21), а во срeдината на вториот дел им дозволи на полските ракометари со серија од неколку голови да се вратат во игра и да го преземат водството и контролата над играта. Двете екипи во последните 10 минути влегоа израмнети на 30-30. Вардарци во финишот на натпреварот ја вратија контролата врз резултатот и на неколкупати поведоа со минимален гол разлика. Предност која ја задржаа до самиот крај за конечни 34-33. Печат на овој натпревар стави Стојанче Стоилов со својот прв погодок.

ВАРДАР 34-33 ВИСЛА ПЛОЦК

СТРЕЛЦИ ВАРДАР: Стоилов 1, Моралес Фереира 5, Македа 2, Душебаев 4, Канелјас 7, Дибиров 6, Шишкарев 5, Борозан 4

За Вардарци останува да го одиграат уште последниот дуел со домаќинот на турнирот Мешков Брест пред враќањето во Скопје.

ФОТО:архива 24Ракомет