Вардарци се релаксираa пред тренингот во Сегед и го следеа настапот на Веспрем (ФОТО)

Ракометарите на Вардар утре ги чека реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

„Црвено-црните“ веќе го одработија тренингот во „Вароши Спортчарнок“ во Сегедин, а претходно во хотелот го следеа натпреварот од ЛШ меѓу Веспрем и  Фленсбург.

Тренерот Роберто Парондо за оваа средба ќе смета на истите играчи, што настапија во Скопје. Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра утревечер од 19:00 часот.