Вардарци се преселија во „Градот на сонцето“

Ракометарите на Вардар по десетина дена тренинзи во СЦ „Јане Сандански“, заминаа на висински подготовки во босанскиот град Требиње.

Таму ќе престојуваат во комлексот „Градот на сонцето“ и ќе останат до 12 август. Од 9 до 11 август ќе бидат дел од турнирот во групата со Борац Бања Лука и Леотар Требиње.

Вардарци ќе ги одиграат двата меча од групата на 9 август, а мечот за пласман на 11 август. Тренерот Хозе Писонеро ќе го има на располагање и голманот Калифа Гедбан во Требиње, па ќе остане да се приклучи уште Марко Кизиќ по настапот за кадетската  репрезентација на Мундијалот.