Вардарци пристигнаа во сала – подготвени се за херојска битка за Келн (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар пристигнаа во салата каде денеска ќе се игра натпреварот против Пик Сегед. Средбата почнува од 19 часот, а Вардар брани предност од осум погодоци.

Ова е дуел на кој „црвено-црните“ влегуваат максимално мотивирано и со желба да дојдат до позитивен епилог. Со оглед на тоа што имаат 31:23 од првиот дуел и убава историја зад себе од гостувањата во Сегедин за очекување е радост на крајот од денот.

Инаку, мотивцијата е на високо ниво, а сите се максимално подготвени да го дадат максимумот на терен.

Играчите веќе пристигнаа и полека се подготвуваат, а тоа можете да го видите и од фотографиите.

Можете да видите и од видеото во продолжение.

https://www.facebook.com/24rakomet/videos/1915711731864658/