Вардарци поразени од Загреб

Екипата на РК Вардар денес е поразена од Загреб на гостински терен со 25:22 ( 11:12) во рамките од Сеха-лигата. Иако и двете екипи се менуваа во водство во текот на целиот натпревар во последните осум минути Загреб подобро се снајде на теренот и заслужено триумфираше со три разлика. Раул Гонзалез на овој натпревар се реши на голот да биде Страхиња Милиќ кој забележа 13 интервенции.
Најефикасен ракометар во редовите на Загреб беше Душко Челица со пет погодоци. Во Вардаровиот табор крилните играчи Брумен, Шишкарев и Марковиќ постигнаа по четири погодоци.