Вардарци полека се комплетираат – дојде Гедбан, фали уште Кизиќ

Ракометарите на Вардар веќе неколку дена се подготвуваат во спортскиот комплекс „Град на сонцето“ во Требиње.

Стратегот Давид Писонеро веќе може да смета и на алжирскиот голман Калифа Гедбан кој поради свадбата доцнеше една седмица.

Останува сега да се комплетира голманското трио со Марко Кизиќ, кој ќе има обврски со кадетската репрезентација на Мундијалот во нашата земја и ќе се приклучи кон крајот на месецов.

Вардар ќе настапи на турнирот во Требиње со Борац Бања Лука и Леотар, а во зависност од местото во групата ќе разигрува со Металопластика, Изола или Извиѓач.

Тоа ќе бидат последните контроли пред настапот на Супер Глоуб во Саудиска Арабија.