Вардарци одбраа нов капитен

Откако Филип Лазаров и Вардар не ја продолжија соработката, „црвено-црните“ останаа и без свој капитен. На вечерниот тренинг присуствуваше комплетниот состав на Вардар вклучувајќи ги и новите засилувања без Хрватите кои ќе настапат во Рио. Токму тоа беше вистинскиот настан за избор на новиот предводник на вардаровата чета во новиот ракометен предизвик.

Честа да ја носи „црвено-црната“ капитенска лента во сезоната која следува ја доби македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов.