Вардарци го „газат“ Загреб и во Скопје, со мислите се веќе кон Сегед

Деветте гола од првиот меч одигран во Загреб се надополнети со уште нови шест гола, 19:13, после првите 30 минути, па вардарци можат да одморат во второто полувреме и полека да се подготвуваат за следниот предизвик против Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата .

Одличниот старт и на овој натпревар најави нова победа за „црвено-црните“. Само две минути беа доволни за веќе да се има предност од 3:1. Тука веќе се виде дека ракометарите на Вардар се максимално мотивирани за уште една победа така што од почеток тргнаа силно. Иако Загреб успеа да се одржи на пристојна негатива, играта во одбрана на Вардар овозможи и во продолжение да се зголемува предноста.

Немаше никакви проблеми за да се дојде до остварување на зацртаното, па многу брзо се дојде и до 10:6 и тоа се случи уште пред да се дојде до средината на првото полувреме. Се користеше максимално секој простор за шут, а играта на Вардар беше и овој пат подобра од онаа на противникот. Шутираа сите така што ракометарите на шампионот на Хрватска не знаеја од кого да се бранат.

Раликата се движеше меѓу четири и шест гола и без поголеми проблеми овој резултат опстојуваше во поголем дел од првото полувреме. Оттаму не беше проблем на одмор да се замине со резултат 19:13.

Иван Чупиќ со пет гола и Глеб Калараш со три се најефикасни после првиот дел од средбата во редовите на Вардар. Кај Загреб, Хорват е играчот со најмногу погодоци. Успеа да реализира петпати.