Вардарците Дибиров и Циндриќ со голови во ТОП 5 на Супер Глоуб (ВИДЕО)

Вардар загуби во полуфиналето на Супер Глоуб од тимот на Барселона, но Светската ракометна федерација ги смести головите на Тимур Дибиров и Лука Циндриќ во ТОП 5 голови од полуфиналните мечеви.

Дибиров е на петтото место, додека Циндриќ е на третото место. Вардар денеска со почеток во 16 часот ќе игра против катарскиот Ал Сад за третото место на Супер Глоуб и за парична награда од 150.000 американски долари. Головите на Дибиров и Циндриќ погледнете ги во следното видео…