Вардарово семејство и на СП во Катар

Во периодот од 15 јануари до 1 февруари Катар ќе биде домаќин на најголемите светски ракометни ѕвезди кои со своите репрезентации ќе се обидат да се искачат што повисоко на Светскиот ракометен пиедестал. Врвните европски ракометни клубови даваат голем број на ракометари кои ќе настапат под знамето на својата земја. Меѓу нив е и Вардар кој на ова СП ќе биде претставен од 10 свои ракометари. На сликата се наоѓаат Тимур Дибиров (Русија), Игор Карачиќ (Хрватска) и Стојанче Стоилов (Македонија). Покрај нив во Катар ќе настапат и Сергеј Горбок, Данил Шишкарев (Русија), Филип Лазаров, Петар Ангелов, Владо Недановски, Немања Прибак (Македонија), и Алекс Душебаев (Шпанија). Како што можете да приметите на фотографијата, вардаровиот тимски дух се пренесе и во Катар.

Timur Kara Stole