Вардарови лудории -Веселбата почна во Келн, Вардар замина за Скопје (ВИДЕО)

Шампионот на Македонија и од вчера по вторпат освојувач на Лигата на шампионите, Вардар денеска се враќа за Скопје, а ракометарите се одлично расположени.

Колку освојувањето на оваа титула ја крена атмосферата е доказ и нивното забавување во хотелот „Радисон блу“. Ракометарите почнаа со лудории во Келн и тргнаа на пат за Скопје каде се очекува да слетаат нешто пред 19 часот.

Капитенот Стоилов како што доликува на лидер во тимот доби можност да се повози на една од количките за багаж. Погледнете!