Вардаровите ракометарки на насловната страна на францускиот ракометен магазин “Hand Action”(ФОТО)

Месец декември е секогаш резервиран за женските ракометни светски и европски првенства, па така и вниманието е насочено кон ракометарките кои ќе треба да бидат главни ѕвезди. Македонската ракометна репрезентација нема да учествува на престојното Европско првенство кое од 7 до 21 декември ќе се одржи во Унгарија и Хрватска, но ќе има свои претставници во имињата на вардаровите ракометарки кои се вистински ракометни ѕвезди во своите репрезентации. Доказ за тоа е и насловната страна на реномираниот француски ракометен магазин “Hand action” која е резервирана за француските репрезентативки и членки на македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар, Амандин Лејно и Сираба Дембеле. Тие со репрезентацијата на Франција ќе учествуваат на престојното Европско првенство во Унгарија и Хрватска, а покрај нив боите на своите земји ќе ги бранат и: Андреа Пенезиќ и Маја Зебиќ (Хрватска), Андреа Лекиќ (Србија), Олга Черноиваненко (Русија), Ања Алтхаус (Германија), Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац (Црна Гора).

Lejno Dembele