ВАРДАРКИ ЈА ПОКАЖАА ВИСТИНСКАТА СИЛА: МИТЈИЛАНД ДЕКЛАСИРАН ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“!

Во третиот натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите во женска конкуренција, ракометарките на ЖРК Вардар успеаа да ги израдуваат своите навивачи совладувајки го дански Митјиланд со (16-8). Уште од самиот старт вардарки сакаа да покажат дека поразот од Ѓер беше само лош ден, а потпомогнати од навивачите кои ја вратија посакуваната атмосфера на натпреварите на женската екипа успеаа во тоа. Цврстата зона во одбраната, и ефикасната игра во нападот беа доволни уште по првите трисет минути Вардар да има високи +8, 16-8. Добрата игра продолжи и во првиот дел на второто полувреме дел кога вардарки стигнаа до двоцифрена разлика. Меѓутоа во продолжението можеше да се случи од готово вересија. Митјиланд се врати на -4 во последните пет минути, но вардарки не дозволија изнедување успевајки да ја вратат високата позитива за конечни 33-24.

ЖРК ВАРДАР-МИТЈИЛАНД 33-24 (16-8)

EHFcl (z) ZRK Vardar - Mityilland -9984

По стартниот пораз од Ѓер на домашен терен, вардарки мотивирано го започнаа дуелот против данскиоит тим. Пенезиќ распали три проектила во воведните пет минути, Дембеле со својот прв погодок од контра го донесе првото поопипливо водство од 6-2 во 7.минута. Митјиланд немаше решение за цврстата 6-0 зона на вардарки, а за тоа сведочи фактот што данскиот шампион имаше постигнато само три погодоци за 15 минути игра. Суслина одлично се надополни на одличната игра во одбраната стигнувајки до пет интервенции на почетокот, а црвено-црните само ја зголемуваа својата предност. Во продолжението се разигра и Лекиќ со чиј погодок вардарки стигнаа до убедливи 12-4 во 18.минута. Митјиланд одговори со брза серија од 3-0 и со головите на Јоргенсен, Јенсен и Јакобсен успеа да намали дел од високата негатива, 12-7 на десетина минути до крајот на првиот дел. Тоа не влијаеше на играта на македонскиот шампион кој продолжи со одличната игра и преку погодокот на Андреа Кликовац од контра успеа да ги врати највисоките +8, 16-8, резултат кој беше актуелен на полувреме.

EHFcl (z) ZRK Vardar - Mityilland -9863

Вардарки со серија од 3-1 го отворија вториот дел за највисоки +1-, 19-9. Меѓутоа високата разлика како да ги опушти вардарки кои им дозволија на гостите со голот на Јохана Алм да стигнат до подносливи 25-21, во 45.минута. Пенезиќ го прекина постот на црвено-црните за 26-21. Во финишот одлично функционираше врската Хмирова-Радичевиќ, а црногорката со неколку последователни гола ја одржуваше позитивата од +4 за својата екипа, 28-24. Сепак во финалниот дел од мечот, Пенезиќ со три и Лазовиќ со еден гол повторно ја вратија сигурната позитива 32-24 на две минути до крајот, со што победникот веќе беше решен. Шлаг на победата стави Радучевиќ со погодок во последните секунди за конечни 33-24.

Најпрецизни во екипата на Вардар беа Пенезиќ со 10 и Радичевиќ со 6 гола. Во екипата на Митјиланд Јенсен постигна 5 погодоци.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ