Вардарки утре гостуваат во Автокоманда

Утре во Автокоманда силите ќе ги одмерат двата најголеми ривали од женското првенство ЖРК Металург – ЖРК Вардар во второто коло од скопско супер лига. Избраничките на Индира Кастратовиќ се апсолутни фаворити за утрешниот меч кој ќе стартува од 16:00 часот. ЖРК Металург на првиот натпревар лесно триумфираше против вториот тим на ЖРК Вардар, додека во првото коло вардарки немаа никакви проблеми против Жито Прилеп. Влезот за утрешниот натпревар е слободен.