Вардарки успешно го минаа првиот тест против Ларвик

Македонските првенки, екипата на ЖРК Вардар оваа сезона ќе има тешка задача да ја задржи натпреварувачката форма во текот на целата сезона. Затоа Вардарки преку пријателски натпревари и турнири ќе се обидат да го одржат натпреварувачкото темпо за периодот кога е најпотребно, крајот на сезоната.

Први гостинки во спортскиот центар „Јане Сандански“ беа норвешките шампионки, екипата Ларвик. Некогаш моќниот состав предводен од Нора Морк поради финансиски проблеми мораше да добие редизајн, па новите надежи на норвешкиот ракомет засилени со неколку искусни ракометарки пристигнаа во Скопје да им помогнат на македонските првенки во подготовките за новите ракометни предизвици.

Уште во првиот дел, составот на Индира Кастратовиќ создаде висока и убедлива предност која по првите триесет минути изнесуваше 20-11. Од високата предност на полувреме, Норвежанките до крајот на вториот дел намалија единствено еден гол за конечни 35-27.

Утре на распоредот е вториот контролен дуел меѓу Вардар и Ларвик, со почеток од 17:30 во спортскиот центар „Јане Сандански“

Вардар – Ларвик 35-27 (20-11)

Вардар: Радичевиќ 5, Кликовац, Херем 2, Мавсар, Дамњановиќ 5, Лазовиќ 7, Алтхаус 2, илина, Пенезиќ 4, Човиќ, Ихнева 1, Суслина (одбрани 7 топки), Хмирова 3, Лекиќ 4, Песоа (одбрани 8 топки), Ристовска 2.