Вардарки убедливо против вториот тим

Во рамките на четвртото коло од супер лигата екипата на ЖРК Вардар беше убедлива против својата втора екипа со 36:23 ( 16:9). Избраничките на Индира Кастратовиќ имаат четири победи, додека втората екипа има две победи и два порази.

Најефикасна во составот на ЖРК Вардар беше Јованка Радичевиќ со седум голови, Симона Стојановска и Алена Ихнева постигнаа по пет погодоци. Најдобар стрелец во втората екипа беше Ивана Гакидова со четири постигнати погодоци.